Издаваштво или издавачка дејност — процесот на продукција и дистрибуција на уметнички творби или информации, односно активноста на обезбедување на достапност на делото или информацијата до јавноста. Со издавачка дејност главно се занимаваат издавачките куќи, кои, зависно од видот на делата што ги објавуваат, може да бидат музички, информативни или новински, книгоиздателски, филмски, итн.

Традиционално, издаваштвото се однесува пред сѐ на книжевните дела и на весниците. Со развојот на технологијата, издаваштвото се проширува најпрво и на музички дела (плочи, касети, ЦД), филмски дела (видео, ЦД, ДВД) електронски книги, мрежни места, компјутерски игри, итн.

Издаваштвото ги вклучува фазите на развој, купување, уредување, графички дизајн, производство на медиум (на пр. печатење) и маркетинг и дистрибуција на делата.

Издаваштвото содржи и важни законски аспекти: авторски права, заштита на делата, заштита на изворот на информациите итн.

Поврзано

уреди