Идиопатија
(Пренасочено од Идиопатско заболување)
Идиопатија е било која болест која нема позната патогенеза или навидум има непознато потекло.[1] За некои болести се познати причинителите, но кај одреден број на луѓе со тие болести, причинителот може да не биде очигледен. Во овие случаи се вели дека потеклото на болеста е идиопатско. За некои болести кај кои не се познати причинителите, најголемиот број на случаи се идиопатски, на пример кај фокална сегментална гломерулосклероза. Кај други болести, само мал процент од случаите се идиопатски (на пример, пулмонарна фиброза).
Наводи
уреди- ↑ „Idiopathic“. Concise Medical Dictionary (8th. изд.). 2010. doi:10.1093/acref/9780199557141.001.0001. ISBN 9780199557141. Посетено на 18 јануари 2014.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |