Иван Фјодорович Шпонка и неговата тетка
Иван Фјодорович Шпонка и неговата тетка — расказ на рускиот писател Николај Гогољ од збирката „Вечери во селцето крај Диканка“.
„Иван Фјодорович Шпонка и неговата тетка“ | |
---|---|
Корица на Иван Фјодорович Шпонка и неговата тетка | |
Изворен наслов | Иван Фёдорович Шпонька и его тётушка |
Држава | Русија |
Јазик | Руски |
Жанр(ови) | Расказ |
Датум на издавање | 1832 |
Осврт кон делото
уреди„Иван Фјодорович Шпонка и неговата тетка“ е претпоследниот расказ во збирката, кој многу се разликува од другите раскази застапени во неа, затоа што во неа е силно изразено она што во другите раскази само се насетува како тенденција. Во него, Гогољ го направил одлушувачкиот исчекор кон кон реализмот. За разлика од другите раскази, овде се прикажани благородниците а не селаните и затоа реалистичниот и критички момент е особено нагласен. Навистина, Гогољ не зборува за спротивностите меѓу кметовите и спахиите, но јасно ги прикажува повластената положба и паразитизмот на главниот јунак во расказот. Притоа, со извонреден хумор, Гогољ ги слика сиромашните чувства, ограничените видици и бедниот интелектуален живот на Иван Шпонка и на другите ликови (неговата тетка Василиса Кашпоровна и спахијата Григориј Сторченко). Притоа, за разлика од неспособниот и пасивниот Шпонка, тетка му Василиса е енергична и постојано прави некои комбинации со својот внук од сестра, додека Сторченко го приграбува туѓиот имот кој треба да му припадне на Шпонка, а тоа се обидува да го затскрие со привидната великодушност и со големото гостопримство.[1]
Наводи
уреди- ↑ Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXIII.