Иванка Ковилоска-Попоска
Иванка Ковилоска-Поповска (Прилеп), е првиот македонски шекспиролог, професор на катедрата за англиски јазик при УКИМ.
Во текот на 60-тите Катедрата се здобила со извонреден млад кадар како што се Иванка Ковилоска-Попоска, Владимир Цветковски, Велко Силјаноски, Лидија Арсова-Николиќ, Љубица Тодорова-Јанешлиева и Александрина Нанова-Илиева, кои заедно со тандемот британски лектори Греам и Маргарет-Пеги Рид ги поставија темелите на едни современи студии по англиски јазик и книжевност и ги подигнаа на извонредно високо ниво, гледано не само според нивото на центрите во поранешна Југославија, туку и пошироко на Балканот.[1]
Едно од најзначајните достигнувања на Иванка Ковилоска-Попоска,која во своите истражувања на присуството на драмите на Шекспир во македонски превод и на македонските театарски сцени утврдила дека постојат три фази. Првата фаза е фаза на индиректни преводи, кога делата се преведувале врз основа на постојните преводи од другите јазици (хронолошки, тоа се случувало веднаш по Втората светска војна и стандардизацијата на македонскиот литературен јазик). Втората фаза таа ја дефинира како преводи во соработка, кога врз основа на буквален превод направен од страна на стручен англист, нашите угледни поети ги препејувале, а третата фаза е фаза кога Шекспир за првпат се преведува директно од оригиналот.[2]
Иванка Ковилоска-Попоска е автор на голем број преводи и препеви од англиски на македонски јазик.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ „[АНГЈиКН] За катедрата – Филолошки факултет „Блаже Конески"“. Архивирано од изворникот на 2018-12-08. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Чекајќи го вистинскиот збор“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-04-19.
- ↑ „Koviloska-Poposka, Ivanka Ковилоска-Попоска, Иванка“.
- ↑ „Преводи и есеи“. Вечер. Посетено на 2018-12-24.[мртва врска]