Балеарско Море

море
(Пренасочено од Ибериско Море)

40°0′N 1°30′E / 40.000° СГШ; 1.500° ИГД / 40.000; 1.500

Карта на Балеарското Море
Сателитска снимка на Балеарското Море

Балеарското Море или Ибериско Море (шпан. и катал. Mar Balear) е водна површина во Средоземното Море близу Балеарските Острови. Во каталонскиот јазик морето се нарекува и „Каталонско-балеарско Море“ (Mar Catalanobalear).

Во ова мало море се влева реката Ебро.

Граници

уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Балеарското Море ги има следниве граници:[1]

Помеѓу Балеарските Острови и крајбрежјето на Шпанија, ограничено:

На југозапад. Линија од ‘ртот Сан Антонио (38°50′N 0°12′E / 38.833° СГШ; 0.200° ИГД / 38.833; 0.200) до ‘ртот Берберија, југозападниот крај на Фурмантера (Балеарски Острови).

На југоисток. Јужното крајбрежје на Фурмантера, оттаму линија до ‘ртот Ротха, неговиот источен крај, па до јужниот крај на островот Кабрера (39°07′N 2°54′E / 39.117° СГШ; 2.900° ИГД / 39.117; 2.900) и до Ветровитиот Остров, близу јужниот крај на Минорка.

На североисток. Источното крајбрежје на Минорка до ‘ртот Фаварич (40°00′N 4°14′E / 40.000° СГШ; 4.233° ИГД / 40.000; 4.233), а оттаму линија до ‘ртот Сан Себастијан (Шпанија) (41°54′N 3°10′E / 41.900° СГШ; 3.167° ИГД / 41.900; 3.167).

Наводи

уреди
  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)