Институт за радиотерапија и онкологија - Скопје
Универзитетската Клиника за Радиотерапија и Онкологија е единствена специјализирана здравстена установа за лекување на злоќудни заболувања во Република Македонија. Организационо се наоѓа во склоп на (УКЦС) Универзитетскиот Клинички Центар - Скопје.
Вид | Јавна здравствена организација |
---|---|
Дејност | Здравство |
Седиште | Скопје, Македонија |
Клучни личности | д-р Спец. Милан Ристески (директор) |
Вработени | > 100[1] |
Мреж. место | oncology.org.mk |
Капацитет
уредиКлиниката располага со 180 болнички кревети во хоспиталниот дел, 30 кревети во рамките на двете дневни болници. Во рамките на Клиниката функционираат вкупно 7 специјалистички амбуланти, како и амбулатна за пункциони биопсии (работно време секој ден од 11 до 12.30 часот). Во Институтот работат вкупно 22 лекари специјалисти, 11 лекари на специјализација, а наставната база ја сочинуваат 5 професори, 2 доценти, 2 виши научни соработници и 10 асистенти.
Оддели
уредиВо рамките на институтот функционираат 11 одделенија[2]:
- Оддел за третман на злоќудни тумори на дојката и градниот кош
- Оддел за третман на злоќудни тумори на белите дробови
- Оддел за третман на злоќудни тумори на уринарниот тракт и машките генитални органи
- Оддел за третман на злоќудни тумори кожата и дигестивниот систем
- Оддел за третман на злоќудни тумори на коските и централниот нервен систем
- Оддел за третман на злоќудни тумори на главата и вратот
- Оддел за третман на мекоткивни тумори
- Оддел за третман на злоќудни тумори на женските генитални органи
- Оддел за третман на злоќудни тумори на дојката
- Оддел за брахитерапија
- Оддел за хистопатологија и клиничка цитологија
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Македонски Портал за Ракот Архивирано на 20 декември 2008 г.
- Официјално мрежно место