Илинденски кајак слалом

(Пренасочено од ИКАС)
За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница

Илинденскиот кајак слалом или ИКАС е меѓународен кајакарски натпревар на диви води кој се одржува во Македонија. Кајакарските работници во Скопје во 1969 година формирале Иницијативен одбор од 9 члена на чело со Мемед Шакир за основање на традиционални меѓународни кајакарски натпревари на диви води на реката Треска посветени на Илинден, националниот празник на Македонија. Благодарение на квалитетните материјални и кадровски услови, овој меѓународен натпревар е прифатен во годишниот календар на Меѓународната кајакарска федерација (ИЦФ). Овие натпревари се одржани 42 пати (до 2010)[1], со учество на кајакари од југословенските републики, од балканските и од европските држави.

Патеката „Матка“ на која се одржуваат натпреварите
Плакат на ИКАС 2010

Наводи

уреди
  1. „Кајак слаломот „Икас 2010" викендов на Матка“. Сител. 31 март 2010 - 14:55. Посетено на 2010-06-13. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)