Зракопривид

атмосферска оптичка појава налик на ореол

Зракопривид (англиски: glory; со значење слава, ореол) — оптичка појава, кој наликува на ореолот на светците претставени на иконите околу сенката на главата на набљудувачот, предизвикан од сончевата светлина или (поретко) месечевата светлина која реагира и се одблеснува на ситните капки вода што содржат во маглата или облаците. Зракопривидот се состои од еден или повеќе концентрични, последователно затемнети прстени, од кои секоја е црвена од надвор и сина кон центарот. Поради својот изглед, феноменот понекогаш се меша со кружно виножито, но тоа има многу поголем пречник и е предизвикано од различни физички дејства и процеси.

Зракопривид на врвот Бел Камен на планината Даутица во Македонија

Појава

уреди

Зракопривиди се јавуваат поради бранот на интерференција на (зраците) светлината внатрешно прекршена во мали капки.

Во зависност од околностите (како што е еднаквоста на големината на капките во облаците), можат да бидат видливи еден или повеќе прстени на зракопривидот. Аголната големина на внатрешниот и најсветлиот прстен е многу помала од онаа на виножитото, околу 5 ° до 20 °, во зависност од големината на капките. Во вистински услови, зракопривид и виножито можат да се појават истовремено[1].

Како и виножито, зракопривидот е во средиштето на спротисончевата (или, во случај на Месечината, спротимесечева) точка, која се совпаѓа со сенката на главата на набљудувачот. Бидејќи оваа точка по дефиниција е дијаметрално спротивна на положбата на Сонцето (или Месечината) на небото, таа секогаш лежи под хоризонтот на набљудувачот кога Сонцето (Месечината) е нагоре. За да се види зракопривид, облаците или маглата што го предизвикуваат мора да бидат поставени под набљудувачот, во права линија со сонцето или месечината и окото на набљудувачот. Оттука, зракопривид најчесто се забележува од висока гледна точка, како што е планина и планински врв, висока градба или од авион. Во вториот случај, ако авионот лета доволно ниско за да неговата сенка да биде видлива на облаците, него секогаш го опкружува зракопривид.

Зракопривид на планина може да се забележи како одблесок во виножито на сопствената сенка (силуета), откако на туку што изнаврната планина ќе огрее сонце од едната, а од другата страна на врвот сè уште стојат облаците и во нив се одблеснува сенката на набљудувачкот, која предизикува чудесна глетка и впечаток како на божествена аура. Кога се гледа од планина или висока зграда, зракопривидот често се гледа заедно со т.н. Брокенов спектар (Брокеново сениште), наречен и планински спектар, очигледно енормно зголемена сенка на набљудувач, фрлена (кога сонцето е ниско) на облаците под планината на која гледачот стои.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.wunderground.com/blog/JeffMasters/the-360degree-rainbow