Зоја Ивановна Парфјонова (руски: Зоя Ивановна Парфёнова; 21 јуни 1920 – 7 април 1993) беше постар поручник и заменик командант на ескадрила на 46тата Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк во Втората светска војна. По извршување 815 мисии за време на војната, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 18 август 1945 година, што ја прави единствената жена од Чувашија со таа титула.

Зоја Ивановна Парфјонова
Зоя Ивановна Парфёнова
Починал7 април 1993 (72 години)
Москва, Руска Федерација
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1945
ЧинПостар поручник
Единица46та Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниИсточен фронт на Втората светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Ран живот

уреди

Парфјонова е родена на 21 јуни 1920 во руско селско семејство во Руската СФСР. Завршува курс за медицинска сестра пред да се запише во локалниот клуб за летање, по што станува инструктор за лет.[1]

Воена кариера

уреди

Парфјонова ѝ се придружува на Советската армија во 1941, кратко по германската инвазија на Советскиот Сојуз. Во почетокот на 1942 година, ја завршува обуката на военото воздухопловно училиште Енгелс и е испратена на Источниот фронт во мај, каде се бори како дел од полкот на Јужниот, Кавкаскиот, Белорускиот и Полскиот фронт. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943.[2][3]

На 29 јануари 1945 година, за време на извршувањето на мисија со доставување на муниција за советските копнени трупи, нејзиниот авион По-2 е нападнат од противвоздухопловен оган и гранати. При тоа трупот на авионот е раскинат, а шрапнел влегува во пилотската кабина, сериозно повредувајќи ѝ го колкот на Зоја и предизвикувајќи голема загуба на крв. И покрај тоа што се здобива со вакви повреди, но и намалената видливост придружена со обилни снежни врнежи, значително намалена способност за маневрирање на леталото поради штетата од нападот, Перфјонова сепак успева да слета безбедно, по што веднаш губи свест. Добива медицинска нега по инцидентот, а исто така ги информира војниците за позицијата на противвоздухопловната артилерија на силите на Оската.[4]

Како пилот во полкот извршува 739 мисии до февруари 1945 и 815 мисии до крајот на војната,[5] уништувајќи ги магацините за муниција на силите на Оската, пешадиски баталјони, опрема, но воедно испушта околу 500 000 летоци и принудува пет артилериски батерии да се повлечат.[2][3]

На 18 август 1945 година е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз за "примерно исполнување на командите во мисиите и демонстрација на храброст и херојство во борбата против германските фашистички окупатори".[1]

Цивилен живот

уреди

По крајот на Втората светска војна, Парфјонова ја напушта активната служба и се приклучува кон резервистите. Станува член на Советскиот Комитет на воени ветерани. Има две ќерки и работи во градот Ризан како менаџер на кино до 1979. Се преселува во Москва во 1991. Умира на 7 април 1993 година и е закопана на Централните Шербински гробишта.[1]

Награди и почести

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ufarkin, Nikolai. „Парфёнова (Акимова) Зоя Ивановна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-19.
  2. 2,0 2,1 „Парфёнова (Акимова) Зоя Ивановна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-19.
  3. 3,0 3,1 Mikhailov, B. „Энциклопедия | Парфёнова Зоя Ивановна“. enc.cap.ru. Посетено на 2018-01-20.
  4. Chechneva, Marina. „Парфенова Зоя Ивановна“. www.vurnar.ru (руски). Посетено на 2018-01-20.
  5. „Асы-бомбардировщики и штурмовики ВОВ - рейтинг“. www.wio.ru (руски). Посетено на 2018-01-20.
  6. 6,0 6,1 „Парфенова Зоя Ивановна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-01-19.
  7. „Парфенова Зоя Ивановна, Орден Красного Знамени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  8. „Парфенова Зоя Ивановна, Орден Красного Знамени :: Документ о награде :: Память народа“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  9. „Парфенова Зоя Ивановна, Орден Отечественной войны I степени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
  10. „Парфенова Зоя Ивановна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.