Знамето на Руанда е официјалното знаме на оваа африканска држава, усвоено на 25 октомври 2001. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во сина, жолта и зелена боја, од кои зелената и жолтата се помали, а сината поголема лента. На сината лента има приказ на сонце во посветла жолта боја. Сината боја симболизира мир и среќа, жолтата симболизира економски развој и зелената симболизира надеж и просперитет. Сонцето претставува просветување.[1] Знамето било дизајнирано до Алфонс Киримобенекјо.


Знаме на Руанда
}}
Употреба државно знаме национално знаме Национален симбол на Руанда.
Сразмер 2:3
Усвоено 25 октомври 2001
Опис три хоризонтални ленти и сонце.

Историски знамиња

уреди

Старото знаме било составено од три вертикални ленти во црвена, жолта и зелена боја со буквата R во средина. Буквата била поставена за да се разликува од сличното знаме на Гвинеја. Тоа знаме потекнувало од знамето на Етиопија, каде боите претставувале мирот, надежта за развој и народот. Бидејќи ова знаме потсетувало на геноцидот во Руанда, истото било променето.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Flags of the World" page on flag of Rwanda“. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2011-02-04.

Поврзано

уреди