Знаме на Нигерија

Знамето на Нигерија е официјалното знаме на оваа африканска држава, кое било дизајнирано во 1959 година, а официјално усвоено на 1 октомври 1960 година. Знамето е составено од три вертикални ленти во зелена, бела и зелена боја. Зелената боја ги претставува природните богатства на земјата, а белата боја го претставува мирот. Знамето е засновано врз дизајнот на Мајкл Таиво Акинкинми, кој поднел свој дизајн на местен конкурс за избор на државното знаме.[1]


Знаме на Нигерија
}}
Сразмер 1:2
Усвоено 1 октомври 1960
Опис три вертикални ленти во зелена и бела боја.
Творец Мајкл Таиво Акинкинми
Колонијално знаме на Нигерија.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди