Знаме на Вознесение

Знаме на Вознесение[1]знаме на островот Вознесение, составна единица на британската прекуморска територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња. Усвоено е на 11 мај 2013 г.[2] и претстаува стандарден облик на знаме на британските владенија и некогашни колонии со британското знаме во кантонот и грбот на Вознесение во долниот десен агол.


Знаме на Вознесение
}}
Назив Знаме на Вознесение
Употреба граѓанско, државно и управно пловно знаме вексиколошки опис
Сразмер 1:2
Усвоено 11 мај 2013
Опис сино знаме со британски кантон и грбот на вознесение во долниот десен агол.

Историја на знамето

уреди

Пред неговото усвојување во 2013 г. островот Вознесение го користел знамето на Обединетото Кралство како свое службено обележје. На состанок на Советот на Вознесение на 3 март 2009 г. е изнесен предлогот да се осмисли посебно знаме за нивниот остров и поднесен до Министерството за надворешни и комонвелтски работи на Британија. Решено е да се распише јавен конкурс со предлози за изгледот.[3] Поднесени се три предлози, и тоа во 2010, 2012 и 2013 г. Од нив, на крајот е избран последниот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Raising Ascension's New Flag“. Ascension-Island.gov.ac. Ascension Island Government. 2013-05-09. Архивирано од изворникот на 2014-01-11. Посетено на 2020-04-30.
  2. „First Ever Ascension Flag to Fly“. Ascension-Island.gov.ac. Ascension Island Government. 2013-03-27. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 2019-07-16.
  3. „Ascension : Island Council Meeting, (formal session), Council Chambers, Georgetown 09:30 am, Tuesday 3rd March 2009“. The Islander Newspaper. 19 March 2009. Архивирано од изворникот на 2014-01-11. Посетено на 2009-04-14.