Знаме на Мјанмар
Знамето на Мјанмар е официјалното знаме во државата кое било усвоено на 21 октомври 2010 година кога се заменило старото знаме. Знамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во жолта, зелена и црвена боја. Во средината има голема бела петокрака. До сега нема официјален опис за тоа што значат елементите на знамето.[1]
Новото знаме на државата било предложени на 10 ноември 200 година. Според предлогот, зелената боја симболизира мир, спокојство и природата на земјата, жолтата боја ја симболизира солидарноста додека црвената боја означува храброст и решителност. Белата ѕвезда го означува вечното опстојување на консолидираната унија.[2]
Старото знаме
уредиСтарото знаме било усвоено на 3 јануари 1974 со прогласувањето на социјалистичката република од страна на Не Вин. Ова знаме се заснова на знаме користено за време на бурманскиот отпор, движење против јапонската окупација на Мјанмар за време на Втората светска војна, знаме кое било црвено со бела петокрака. Подоцна ѕвездата била отстранета и се додал син квадрат во горниот лев агол со бела голема ѕвезда опколена со пет помали ѕвездички. Тие ја симболизирале различноста на земјата, додека црвената боја означувала храброст. Сината боја означувала мир и белата чистота. Подоцна, овој грб се сменил и добил покомунистички елементи со 14 ѕвезди со растение (ориз) и тркало во средината. Оризот означува земјоделство, тркалото означува индустрија и 14 ѕвезди ги означуваат 14 држави.
Други знамиња на Мјанмар
уреди-
Знаме на мјанмарската империја (1853 - 1876)
-
Знаме на Британска Бурма
-
Знаме на Држава Бурма (1943 – 1945)
Наводи
уреди- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 2010-10-21.
- ↑ „Article in the New Light of Myanmar“. Архивирано од изворникот на 2007-03-04. Посетено на 2010-10-21.