Знаме на Британската Антарктичка Територија

знаме

Знамето на Британската Антарктичка Територија е воведено во 1963, една година по создавањето на Британската Антарктичка Територија. Територијата претходно им припаѓала на поседите на Фолкландските Острови и го користеле фолкландското знаме.

Знаме на Британската Антарктичка Територија
Управен павилјон на територијата
Знаме на комесарот на територијата

Знамето е на основа на белиот павилјон со британското државно знаме во кантонот и грбот на Британската Антарктичка Територија во слободниот дел. Знамето се вее над истражните станици во територијата, како и во седиштето и службите на Британскиот антарктички завод (British Antarctic Survey). Бродовите на заводот користат син павилјон со штитот од грбот во слободниот дел. Комесарот користи државно британско знаме со грбот на територијата во средина.

Поврзано уреди