Злобница (шпански: La Usurpradora), е една од најпознатите мексикански теленовели на сите времиња. Во главните улоги се појавуваат познатите глумци Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга. Серијата го освои целиот свет, а резлутат на тоа беа бројните награди, како и наградата за најдобра теленовела на годината.

Злобница
Жанрдрама, теленовела
Создадена одИнес Родена
УлогиГабриел Спаниќ
Фернандо Колунга
Шантал Андер
Доминика Палета
Артуро Пениче
Воведна тема"La Usurpadora", Pandora
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди102
Производство
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехиа Алехандро
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com

Синопсис уреди

Паулина и Паола се две жени со многу сличен изглед, но емотивно и карактерно се многу различни. Тие се сретнале во еден хотел и сфатиле дека наликуваат една на друга. Паола Брачо е злобна, бесчуствителна и себична жена, венчана со Карлос Даниел, богат стопанственик, кој е заслепен по нејзината љубов. Таа го изневерува со многу мажи, секако, тој за тие афери не знае. Кога ќе ја сретне Паулина, сфаќа дека наликува на неа, но Паулина е сиромашна и работи во ресторан. Набргу, на Паола и доаѓа на памет една идеја. Таа одлучила да ја прати Паулина во фамилијата Брачо,за да би можела да помине година дена со своите љубовници. Паулина не ја прифаќа понудата, но Паола со помош на своите сплетки ја присилува на тоа. Во куќата на фамилијата Брачо, Паулина се преправа дека е болна, и заради својата болест не може да спие во ист кревет со Карлос Даниел. И покрај тоа, таа се заљубува во Карлос Даниел. Времето поминува, а Паулина сè повеќе и повеќе донесува радост и среќа во куќата на фамилијата Брачо, но Карлос Даниел не може да се изначуди што се случило со старата Паола Брачо. Набргу поминува година дена и Паулина одлучува да побегне и се вработува како медицинска сестра во болница. Карлитос, синот на Карлос Даниел, одлучува да ја побара Паулина, но доживува несреќа, и поради тоа го губи памтењето, но наоѓа на добри луѓе кои одлучуваат да ја пронајдат неговата фамилија и да му помогнат. Набргу, Паола се враќа во куќата, и поради своето однесување сите сфаќаат дека тоа е вистинската Паола, и ја надгледуваат сè повеќе. Таа после тоа побегнува со својот љубовник Даглас Малдонадо. Кога Паулина дознава што се случило со Карлитос, одлучува да се врати во фамилијата Брачо, и одлучува повторно да се претвора дека е Паола.

Злобница на Балканот уреди

Македонија: МТВ Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ1
Словенија: Канал А
Бугарија: ЕК
Грција: Алфа ТВ

Надворешни врски уреди