Зима (слика)

(Пренасочено од Зима (Кондовски))

Зима – слика од Димитар Кондовски. Сликата е масло на платно, завршена во 1959 година со димензии 100 х 78 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

Зима
Творец Димитар Кондовски
Година 1937
Димензии 78 см × 100 см
Место Народен музеј, Битола

Опис

уреди

На сликата е претставена жена речиси во целост. Има изразито лице и иако е поставено во погорниот дел на сликата – тоа е доминантно и највпечатливо. Со долга коса и неприродно издолжен врат. Облечена е во темен костум низ целото тело. Покрај нејзиниот портрет на кој најдоминантни се издолжени очи, авторот ѝ ги насликал рацете исто така издолжени, необични и слаби.[1]

Насловот на сликата е Зима и има симболично значење – кое потекнува од расположбата на жената – замислено, темно, осамено несреќно. Во самиот лик доминира тага и замисленост. Рацете се грчевито поставени околу телото како да се обидуваат да го заштитат од сите удари на навреди и емотивна тага. Сликата е насликана со минимална употреба на бои – две до три — и спаѓа во таканаречените монохроматски, што значи дека бојата речиси е неприсутна, само да ја изрази тената и тешка расположба на осамената жена.[1]

Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.[1]

Наводи

уреди