Зиба Паша кизи Ганиева (азерски: Ziba Paşa qızı Qəniyeva, 20 август 1923 година, Шамахи, Азербејџан[1] или во Узбекистан[2] – 2010, Москва)[3] била азербејџанск и филолог и жена снајперист за време на Втората светска војна (Северозападен фронт, 3 Московска комунистичка снајперска дивизија),[4] наградена со Медал за одбрана на Москва, со Орденот на Црвеното знаме и со Орденот на Црвена ѕвезда.

Зиба Ганиева
Починал2010
Москва, Русија
ДржаваСССР СССР
РодЦрвена Армија
Служба1941–1943
ЧинПомлад наредник
Битки/војниВтора светска војна
ОдликувањаОрден на Црвеното знаме
Орден на Црвената ѕвезда
Прва класа орден на патриотската војна
Медал за одбраната на Москва

Живот

уреди

Зиба Ганиева е Азербејџанка од страна на нејзиниот татко и Узбечка од страна на нејзината мајка. Во 1937 година, била примена на часови по танц во новоформираната узбечка филхармонија. Во 1940 година, таа се преселила во Москва за да се запише на руската Академија за театарска уметност, но доброволно се приклучила во армијата на 7 ноември 1941 година, набрзо по започнувањeто на Источниот фронт при Втората светска војна. Со неа била уште една снајперистка, Нина Соловеј.

За време на војната, Ганиева била радио оператор и шпионка која ја преминала фронтовата линија 16 пати. Таа учествувала во Битката за Москва. Воената служба на Зиба била прекината откако била тешко ранета за време на извидничка операција во предградијата на Москва во 1942 година. Таа била тргната од бојното поле, а потоа поминала 11 месеци во болница.

По војната таа го продолжила своето постгимназиско образование и во 1965 година, стекнала диплома по филологија.

Дела

уреди
  • Qorkinin dekadentçiliyə və naturalizmə qarşı mübarizəsi (Борбата на Горки против декаденцијата и натурализмот), "Azərbaycan", 1955, №6
  • О сатире Горького в период первой русской революции (За сатирата на Горки во периодот на Првата руска револуција), "Литературный Азербайджан", 1955, №12
  • Страницы из истории революционной поэзии на урду (Страници за историјата на Револуционерната поезија на урду), "Народы Азии и Африки", 1970, №2

Видете 

уреди
  • Список на книги, статии и документарни филмови за снајперисти

Наводи

уреди
  1. Ziba Ganiyeva
  2. Великий разлом Архивирано на 1 декември 2017 г. by V.Galanina-El Registan
  3. Nazarli, Amina (2 July 2015). „Azerbaijani women snipers: fragile, but fearless“. Посетено на 2016-06-02.
  4. Azerbaijan Soviet Encyclopedia (1979), vol. 3, p. 137

Надворешни врски

уреди