Земјотрес во Шпанија (2010)

Земјотрес со јачина од 6,3 се случил на 11 април 2010 година во близина на јужниот брег во Шпанија. Според првичните информации земјотресот се случил осум минути по полноќ (по месно време) на околу 25 километри југоисточно од Гранада и околу 370 километри јужно од Мадрид, но со оглед на тоа што епицентарот бил длабоко под земја на длабочина од 616 километри геофизичарите сметаат дека не можел да предизвика поголема матерјална штета.

Земјотрес во Шпанија 2010
Датум 11 април 2010 22:08 UTC
Магнитуда 6.3 Mw
Длабочина 616.7 kм (383 ми)
Епицентар 37°04′41″N 3°28′12″W / 37.078° СГШ; 3.470° ЗГД / 37.078; -3.470
Зафатени земји/подрачја Шпанија
Цунами no
Жртви no