Зелените касапи
„Зелените касапи“ (дански: De grønne slagtere) — дански филм од 2003 година во режија на Андерс Томас Јенсен (Anders Thomas Jensen), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Мадс Микелсен (Mads Mikkelsen), Николај Ли Кас (Nikolaj Lie Kaas) и Лине Крузе (Line Kruse). Филмот освоил неколку награди, како: Големата награда на Европскиот фантастичен филм во Амстердам (2004), Големата награда на Европскиот фантастичен филм во Брисел (2004), данската награда „Роберт“ во четири категории итн.[1]
Синопсис
уредиБјарне и Свенд се пријатели. Свенд има голема амбиција, предизвикана од големиот комплекс на инфериорноста, додека Бјарне не го интересира ништо освен неговата девојка Астрид. Двајцата пријатели отвораат месарница и така успеваат да се оддалечат од незгодниот шеф Холгер, но продавницата не работи добро. Еднаш, Свенд случајно подготвува ново јадење за една органска месарница. Тогаш, нивната работа добива залет, но се поставува прашањето: дали ќе можат и понатаму да ги набавуваат потребните материјали за тоа посебно јадење?