Зелена фабрика
Зелена фабрика, фабрика со нулта влијание или зеленa постројка е индустриски производствен капацитет дизајниран да го минимизира неговото влијание врз животната средина и да ги обнови ресурсите.[1] Зелените фабрики се фокусираат на енергетска ефикасност, намалување на отпадот и употреба на обновливи извори на енергија за промовирање на еколошката одговорност.[1][2] Многу од овие зелени фабрики ја добиваат својата сертификација за минимално влијание врз животната средина преку БРЕЕАМ.[3]
Зелените фабрики најмногу и најдобро функционираат во Европската унија во делот на автомобилската индустрија. Производителите на автомобили како Порше и Фолксваген имаат визија за изградба на зелени фабрики,[4][5] а БМВ веќе ја изградиле зелената фабрика на БМВ во Лајпциг, Германија.[6] Во Соединетите Држави, компаниите исто така создаваат и зелени фабрики, како што е Панасоник, чии што зелени фабрики за производство на електрични батерии во Де Сото, Канзас ќе работат главно на ветер и соларна енергија.[7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Dornfeld, David A. (2012-12-09). Green Manufacturing: Fundamentals and Applications (англиски). Springer Science & Business Media. ISBN 978-1-4419-6016-0.
- ↑ Pampanelli, Andrea; Trivedi, Neil; Found, Pauline (2015-08-22). The Green Factory: Creating Lean and Sustainable Manufacturing (англиски). CRC Press. ISBN 978-1-4987-0786-2.
- ↑ „VWFS-Carbon-Reduction-Plan“ (PDF). 29 July 2024. Посетено на 29 July 2024.
- ↑ „Sustainability at Porsche: vision of a Zero Impact Factory“. Porsche Newsroom (англиски). 2024-05-14. Посетено на 2024-07-29.
- ↑ „Initiatives“. Volkswagen Group (англиски). Посетено на 2024-07-29.
- ↑ „THE GREEN PLANT: SUSTAINABLE PRODUCTION IN LEIPZIG“. BMW. 29 July 2024. Посетено на 29 July 2024.
- ↑ Turner, James Morton (2024-04-03). „America's green manufacturing boom isn't powered by renewable energy − yet • Indiana Capital Chronicle“. Indiana Capital Chronicle (англиски). Посетено на 2024-07-29.