Зевкиј и Пархасиј

(Пренасочено од Зевкс)

Зевкиј и Пархасијсликари од Ефес во V век п.н.е.. Зевкиј бил дворски уметик во македонската престолнина Пела, повикан од кралот Архелај I. Двајцата се спомнуваат во книгата „Природознание“ на Плиниј Постариот во контекст на натпреварот кои двајцата го одржиле за да одредат кој од нив е подобар уметник (како и за титулата „Најдобар уметник на светот“). Кога Зевкиј ја тргнал завесата од неговата слика со гроздови, тие изгледале толку примамливо, што птици долетале од небото за да ги колват. Потоа тој го замолил Пархасиј да го направи истото со неговата завеса. Кога се открило дека всушност самата завеса била сликата на Пархасиј, Зевкиј морал да признае пораз, бидејќи додека неговото дело ги измамило очите на птиците, Пархасиј ги измамил очите на еден уметник.

Зевкиј и Пархасиј, Јоаким фон Зандрарт, 1675
Зевкиј избира модели од најубавите девојки на Кротона (1789) од Франсоа Андре Винсент

Најважните дела на Зевкиј се: Хелен, Устоличениот Зевс и Малиот Херкул дави змија. Сликал и собрание на боговите, Ерос крунисан со рози, а ги сликал и Алкмен, Менелај (атлетичар), Пан, окованиот Марсиј и др.

Смрт

уреди

Се вели дека Зевкс насликал некоја старица, која потем му се видела толку смешна, што се изнасмеал до смрт. По смртта, неговите дела биле однесени во Рим и Византија, но подоцна исчезнале за времето на Павзаниј и до денес ниедно не е пронајдено.

Поврзано

уреди