Звучна резонанција
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Звучните извори, како механички осцилатори, може да вршат присилени осцилации и да се доведат во состојба на резонанција.
Резонанција кај звучен извор, освен со примерот прикажан со звучната виљушка поставена на резонантна кутија, може да се прикаже со овој експеримент. Во поширок сад со вода е потопена стаклена цевка која е отворена од двата краја (тоа може да се направи и со една поголема мензура или цевка од стара неонкна во која полека долевате вода). Кога над отворот на цевката се донесе звучната вљушка што осцилира воздушниот столб во цевката ќе изведува присилени осцилации. Менувајќи ја должината на воздушниот столб (со издигање и спуштање на цевката) за одредена висина, звукот се слуша посилно.
Звучната резонанција настанува кога воздушниот столб во цевката осцилира со сопствена честота што се совпаѓа со честотата на звучната виљушка, или кога едната честота е цел број пати поголема од другата. Во цевката се создава стоен бран (таква е и резонантната кутија на која е поставена звучната виљушка). Сопствената честота на воздушниот столб зависи од неговата должина L :
f = ν / λ = (2n + 1) / 4L ν ; n = 1, 2, 3,....
каде што n е кој и да било број ν е брзината на звукот во воздухот. При должина на воздушниот столб L = λ / 4, освен тоам резонанцијата може да настане за кој и да било непррен број четвртинки бранови должини на стојниот бран формиран во воздушниот столб, затворен од едниот крај т.е ако должината е
L = (2π + 1 ) λ / 4
Звучната резонанција се користи кај дувачките инструменти. Некои инструменти (гитара, виолина) за да дадат поголем интензитет користат тела со кои може да се предизвика резонанција. Таквите тела се резонанти. На пример, звучната виљушка е поставена на резонантна кутија. Појавата резонанција се користи за мерење на брзината на звучните бранови. Обидете се да ја определите брзината на звукот спотед експериментот наведен горе. Звукот може да биде извор на информации и за состојбата на внатрешните органи на човекот. Звучниот метод, познат како аускултација(прослушување на звуци во органицмот), е една од најстарите акустични методи за дијагносика во медицината.
За таа цел се користи стетоскоп. Тој се состои од резонантна капсула покриена со елстична мембрана која се поставува на телото од болниот, од неа водат гумени цевки кон увото на лекарот. Во празната капсула настанува резонанција, при што звукот се засилува и се подобрува аускултацијата.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |