За твојата љубов

(Пренасочено од За Твојата Љубов)

За Твојата Љубов е една од најпопуларните мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 1999 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 2002 година.

За Твојата Љубов
Податотека:PTATitle.jpg
Лого
Жанрдрама, теленовела
Создадена одКаридад Браво Адамс
УлогиГабриела Спаниќ
Саул Лисазо
Кети Барбери
Херардо Мургија
Роберто Вандер
Воведна тема"Por Tu Amor", Charlie Zaa
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди90
Производство
Извршен продуцент(и)Анхели Незма Медина
МестоположбаГрад Мексико , Сан Карлос
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2

Синопсис уреди

Доаѓањето на образованиот, силниот и таинствениот работен човек Марко Дуран во градот Сан Карлос ќе ги промени животите на многу луѓе. Силниот карактер и милоста на убавата Сиело се особините заради кои Марко веднаш се заљубува во младата наследничка, но таа во него гледа само натрапник кој сака да гради хотел кој би донел немир во инаку спокојниот град. Сепак, кога дознава дека свршеникот Серхио ја измамил со нејзината помлада сестра Бриса, Сиело и покрај презирот, ќе го прифати бракот со Марко, обидувајќи се да го заборави Серхио. Уверен дека Сиело ја заборавила измамата на сестрата и бившиот свршеник, Марко безнадежно се заљубува во новата сопруга, ниту малку не сомневајќи во нејзината љубов. Но, кога ќе сфати дека Сиело сè уште ја мачат сомнежите врзани за минатото, Марко ќе го напушти скршеното срце и ќе почне врска со злобната Миранда, жената која нема да бира средства засекогаш да го спречи враќањето на Сиело во животот на Марко.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Габриела Спаниќ Марија дел Сјело Монталво / Аурора
Саул Лисазо Марко Дуран
Кети Барбери Миранда Нарваиз
Херардо Мургија Д-р Серхио Замбрано
Роберто Вандер Дон. Николас Монталво
Маргарита Магања Бриса Монталво

Надворешни врски уреди