За Карпош војвода

македонска народна песна

За Карпош војводамакедонска народна песна. Песната е посветена на водачот на Карпошовото востание, Карпош. Песната има патриотски карактер.

„За Карпош војвода“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:37 (Васка Илиева)

Текст уреди

-Барабанот бие по Скопје град,
ќе ми го бесат селанецот млад,
Карпош војвода, смел, јунак, млад,
Карпош војвода, нашиот брат,
Карпош војвода, нашиот брат,
Карпуш војвода, смел, јунак, млад.

Вардар матен тече, бурни води пие,
карпушова мајка дробни солзи лее,
стои мајка му, стара, жена, слепа,
својот син го даде во борбата клета,
стои мајка му, стара, жена, клета,
својот син го даде во борбата клета.

Со бесилка на вратот, стои, Карпош, смел,
животот го даде за слобода,
за слобода мила, Македонија,
живот си даде за слобода,
за слобода мила, Македонија,
живот си даде за слобода.

Надворешни врски уреди