Зачало
Зачало или перикопа (грчки: περικοπή, „дел“) — израз за извадок од евангелието кога обично се состои од една или две евангелски приказни. Таквата поделба (парчење) на евангелието настанало во Православната црква за да може свештенството полесно да го најде својот пат во распоредот на читање на евангелието на богослужбите. Поимот зачало потекнува од црковнословенскиот (старословенски, рускословенски) јазик.