Швецинген (замок)

(Пренасочено од Замок Швецинген)

Замокот Швецинген - замок во Швецинген што во главно служел како летна резиденција на принцовите Карл Филип и Карл Теодор. Најпозната е градината на замокот уредена во 18 век. Секоја година во замокот се одржуваат Швецингшките игри, а Фестивалот на светлината се одржува на секои две години.

Замокот Швецинген (поглед од главниот влез)
Замокот Швецинген (од страната на градината)
Цреши во цут во старата градина
Поглед на замокот од градината

Историја

уреди

Замокот во Швецинген првпат бил документиран во 1350 како тврдина. Тогаш бил средновековен замок со ров полн вода околу него. Во 1427 станал сопственост на принцот Лудвиг III. Во наредниот период бил одново изграден неколкупати, служел како замок за лов и бил уништен кон крајот на Триесетгодишната војна. Принцот Карл Лудвиг дал одново да се изгради замокот за неговата љубовница Луиза фон Дегенфелд. За време на посетата во август 1656 година, тој им наредил на жителите на Швецинген да ги отстранат сите рушевини, при што им било дозволено да ги задржат собраните остатоци како што се камења, дрво и „старо железо“ за сопствена употреба.

Својата денешна форма замокот ја добил по наредба на принцот Јохан Вилхелм, кој владеел во Диселдорф. Под водство на грофот Матео Алберти, кој го изградил и замокот Бензберг, замокот бил одново изграден од мајсторот ѕидар Јохан Адам Бројниг и проширен со две крила. Градбата била доградена и проширена во неколку фази почнувајќи од 1697 година. Во 1752 година била планирана градина, а истата година бил отворен и театарот за замокот. Иако замокот едвај се користел откако резиденцијата на принцот Карл Теодор била преместена од Манхајм во Минхен во 1778 година, работата на градината продолжила во наредните години.

Светско културно наследство

уреди

Во септември 1999 година, Германија го регистрира Швецинген како потенцијално светско културно наследство на УНЕСКО.

 
Фонтана во средината на градината
 
Езерото со замокот во позадина
 
Езерото во зима

Птици што испуштаат вода

уреди

Посебна атракција е фонтаната со птици што испуштаат вода направени од лим железо. Меѓу другото, има утка со раширени крилја во напад што држи фазан.

Оранжерија

уреди

Во 16 век, збирките на портокали и други цитрусни дрвја станале модерни на европските дворови. Ги оставале да презимат во згради што можеле да се монтираат и демонтираат во близина на растенијата.

 
Римски водовод

Познати посетители на замокот Швецинген

уреди

Волтер првпат дошол во Швецинген во 1753 и останал 14 дена на гости кај принцот со кого биле пријатели. Во летото 1758 година Волтер се вратил во Швецинген за краток престој. Волфганг Амадеус Моцарт учествувал заедно со татка си и сестра си на дворски концерт на 18 јули 1763 со. Композиторот Кристоф Вилибалд Глук бил гостин во 1774. Фридрих Шилер нашол во Швецинген идеи за првиот чин на Дон Карлос. Глумецот Август Вилхелм Ифланд во писмо од 26 ноември 1779 година, опишал лов во Швецинген што чинел 50.000 гулдени.