Замокот Мелсокер (Mälsåkers) е дворец во општината Стренгнес, округот Седерманланд, Шведска. На имот се наоѓа во парохијата Итерсело, северно од Марифред и североисточно од Сталархолмен. Се наоѓа на Бјоркфјерден, залив на езерото Меларен.[1]

Замокот Мелсокер
Замок Мелсокер

Историја

уреди

Главните згради биле изградени во 1660-те и 1670-те од Густаф Соп (1624-1679), по цртежите на Никодим Тесин, (1615–1681).[2][3] Во 1839 година, имотот бил наследен од Луиз фон Ферсен (1816–1879). Во 1853 година, таа го прокоцкала Мелсокер на Фредрик Окерман (1800-1877). По неговата смрт неколку пати ги менувал сопствениците. Тој бил продаден во 1898 година на инженерот Аке Сјогрен кој започнал со реставрација на имотот.[4]

Мелсокер бил купен во 1943 година од норвешката амбасада во Стокхолм и просториите биле искористени за обука на норвешките полициски трупи за време на Втората светска војна. Во 1945 година, покривот се запалил и дворецот изгорел. Во 1951 година, бил изграден нов покрив. Во 1993 година, Кралската шведска академија на книжевноста, историјата и старините иницирала обемна реставрација. Од 2007 година, здружението е одговорно да го направи замокот достапен за јавноста.[5]

Во филмот

уреди

Замокот се појавува во филмот „Гладијаторите“ од 1969 година, каде што е седиште на телевизиска воена игра.[6]

Наводи

уреди
  1. „På Mälsåkers slott“. stallarholmen.info. Архивирано од изворникот на 2019-06-15. Посетено на December 1, 2018.
  2. Stellan Dahlgren. „Gustaf Soop“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на December 1, 2018.
  3. „Nikodemus Tessin, d. ä.“. Nordisk familjebok. Посетено на December 1, 2018.
  4. „Fredrik Åkerman“. Svenskt biografiskt handlexikon. Посетено на September 1, 2019.
  5. „Mälsåker“. slottsguiden.info. Посетено на December 1, 2018.
  6. Gladiators at Peter Watkins site.

Надворешни врски

уреди