Замокот Дубовац е замок во Карловац, Хрватска.[1]

Замок Дубовац
Карловац, Хрватска
Тип замок
Изграден 13-15 век
Градежни
материјали
варовник
Под управа на Франкопан и Зрински

Замокот Дубовац се наоѓа над градот Карловац. Правоаголната кула веројатно била изграден во тек на 13 век. Во 15 век, замокот повторно бил изграден во ренесансен стил. Замокот имал повеќе сопственици меѓу кои славонското благородно семејство Судар и познатите хрватски грофови и војводи Франкопан и Зрински. Од 1671 до 1809 година, сопствениците на Дубовац биле генералите на Карловац. Во 1837 година, новиот сопственик, грофот Лавал Нугент, го обновил замокот во духот на романтизмот. Замокот Дубовац повторно бил реновиран во 1952 година во однос на графика од крајот на 18 век. Има слика на замокот на таа локација.[1]

Неодамна замокот бил користен неколку години како хотел, а штетата направена во внатрешноста за простор за собите сега се поправа. Според туристичките водич материјали тврдината е изградена на рид подигнат од луѓето, со цел да се зголеми на одбраната и погледот на околните области.[1]

Замокот неодамна беше претставен на комеморативна хрватска поштенска марка, заедно со фотографија.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 http://www.castles.info/croatia/ Архивирано на 19 февруари 2020 г. Castles of Croatia