Заливот на ангелите (филм од 1963)
Заливот на ангелите (француски: La baie des anges) - француски филм од 1963 година, во режија на Жак Деми (Jacques Demy), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Жана Моро (Jeanne Moreau), Клод Ман (Claude Mann) и Пол Гер (Paul Guers).[1]
Синопсис
уредиЖан е банкарски службеник, а неговиот колега Карон го „заразува“ со страста за коцкање. Во коцкарницата, Жан ја запознава Џеки (ја игра Моро) со која започнува страсна љубовна врска. Меѓутоа, во љубовта имаат исто толку среќа колку и во рулетот...