Закон за постојан однос на масите
Закон за постојан однос на масите, познат и како Прустов закон - еден од основните хемиски закони. Според овој закон елементите меѓусебно се соединуваат во точно одредени и постојани масени односи кога даваат исто соединение.
Законот го дал францускиот хемичар Жозеф Пруст во 1794 година, а во 1799 година ја објавил својата хипотеза.
Од овој закон јасно произлегува дека составот на хемиските соединенија е постојан без обѕир на начинот на нивното добивање. Така на пример, водата во себе секогаш ќе содржи 8 маси на кислород на секоја маса на водород. (Ar(H)=1 g/mol, Ar(O)=16g/mol)
Иако овој закон важи за огромниот дел од соединенијата (заедно се нарекуваат далтоноиди), постои одреден број на исклучоци. Така на пример, некои соединенија на поедини метали и кислородот во зависност од условите под кои настануваат, имаат променлив состав. Во тој случја се работи за бертолоиди. Бројот на овие соединенија е занемарлив.