Задушен мат
Задушен мат — шаховски поим, кој означува мат зададен од страна на коњ, при што матираниот крал не е овозможен да отстапи поради тоа што е опколен (или задушен) од сопствените фигури.
Матот обично се задава на аголот од таблата, бидејќи таму кралот може да биде задушен со помалку фигури. Најчест облик во којшто се јавува задушениот мат е оној прикажан на дијаграмот десно. Коњот на f7 му задава мат на кралот на h8, кој е оневозможен да го избегне шахот заради топот на g8 и пешаците на g7 и h7. Слично, белиот крал исто така може да биде матиран на полето h1 од страна на црн коњ на f2. Соодветни матови на полињата а8 и а се поретки, бидејќи кратката рокада е почеста затоа што безбедно го сместува кралот поблиску до аголот отколку што тоа го нуди големата рокада.
Вовед
уредиЗа да може задушениот мат да се појави во партија, обично е потребно да се жртвува материјал со цел да се овозможи фигурите да го задушат кралот, бидејќи не е веројатно дека шахистот доброволно ќе го опколи својот крал со фигури во позиција во којашто е можно да се зададе задушен мат.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Hooper, David; Whyld, Kenneth (1994), „smothered mate“, The Oxford Companion to Chess (2. изд.), Oxford University Press, ISBN 0-19-866164-9
- Golombek, Harry (1977), Golombek's Encyclopedia of Chess, Crown Publishing, ISBN 0-517-53146-1