Завод и музеј (Штип)

музеј во Македонија
(Пренасочено од Завод и Музеј (Штип))

Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музејмузејска и конзерваторска установа во Штип, основана во 1950 година како установа на градот, за да во 1955 г. прерасне во Музеј на целиот штипски крај.[1]

Завод и Музеј
Карта
Општи податоци
ГрадШтип
ЗемјаМакедонија Македонија
Завршена1955

Заводот - Музеј поседува повеќе збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста и современата македонска уметност и врши дејности од областа на заштитата на недвижни и движни споменици на културата, презентација, обработка и чување на музејски материјал и организација на ликовни изложби.

Тежиштето на активностите на Заводот - Музеј е насочено кон:

  • Истражувачки работи и набавка на музејски материјал
  • Стручно-музеолошка обработка
  • Заштита на материјалот и културно-историските споменици
  • Културно – образовна и воспитна дејност

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Кецкаровски, Перо (1980). Музејска дејност во СР Македонија. Републички секретаријат за култура.