Завод и музеј — Прилеп

музеј во Прилеп
(Пренасочено од Завод и Музеј – Прилеп)

Во 1955 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп е формиран Народниот музеј. Во почетокот активни се три одделенија: Одделение за археологија, Одделение за Историја и Одделение за етнологија. Со тек на време се формираат и сите останати денес активни одделенија.

Поглед кон музејот

Со прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, освен музејската дејност институцијата врши и заштитна дејност.

Одделенија

уреди

Моментално во рамките на Завод и музеј — Прилеп работат следните одделенија[1]:

  • Одделение за Историја
  • Одделение за Архитектура
  • Одделение за Историја на уметност
  • Одделение за етнологија
  • Музеј на тутун

Активности од областа на музејската дејност

уреди
  • Теренски истражувања и рекогносцирања;
  • Прибирање на музејски материјал по пат на истражувања, откуп, подарок и сл;
  • Евиденција, заштита и стручна обработка на музејскиот материјал;
  • Евиденција и увид во состојбата на недвижните и движни споменици на културата;
  • Организирање на тематски постојани и повремени изложби;
  • Публикација на обработениот музејски материјал;
  • Водичко - образовна дејност;

Активности од областа на заштитната дејност

уреди
  • Евиденција и увид во состојбата на недвижното и движно културно богатство;
  • Истражување и изработка на проекти за изведување на заштитни интервенции на недвижното и движно културно богатство;
  • Превентивни заштитни интервенции на недвижното и движно културно богатство;
  • Конзерваторско реставраторски работи на недвижното и движно културно богатство;
  • Учество во поставување на тематски постојани и повремени изложби;

Публикување на стручни трудови

уреди

Завод и Музеј Прилеп располага со своја интерна библиотека со богат фонд на стручна литература, како и фото лабораторија која е мошне важна помошна техничка служба при активностите на вработените во институцијата. Во 1961 година поставена е Постојана изложба со археолошки предмети, која повремено се обновува. Во рамките на Завод и Музеј работат Меморијалниот музеј "11 октомври 1941", Меморијалниот музеј "Кузман Јосифоски-Питу" и Музејот за тутун.

Прв директор на Народниот Музеј од неговото основање па сè до 1980 година е д-р Бошко Бабиќ, дипл. историчар на уметност.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Завод и Музеј — Прилеп“. Општина Прилеп.

Надворешни врски

уреди