Жолт шаренец
Жолт шаренец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Euphydryas |
Вид: | E. maturna |
Научен назив | |
Euphydryas maturna (Линеј, 1758) | |
Синоними | |
|
Жолтиот шаренец (Euphydryas maturna) е пеперутка од семејството на шаренците. Оваа пеперутка живее во Европа (вклучително и Македонија) и Казахстан[1][2]
Опис
уредиРаспонот на крилјата на пеперугата е од 35 до 42 мм. Горната страна на крилјата на пеперугата е темнокафена, со црнкасти вени. На крилјата има нерамни портокалови и кремасти форми, кои варираат по големина и распоред. Телото е црно, а антените црно-бели. Долниот дел на крилјата е посветол, односно портокалово-кремаст со присуство на слични шари како и на горната страна. Ларвите достигуваат до 30 мм кога се целосно пораснати. Тие се темни со изразени жолти точки. Имаат голем број на влакна по телото. Куклите се најчесто бели.
Овие пеперутки може да се најдат во влажни места, добро осветлени и места со грмушки. Денес во голем дел од Средна Европа бројот на единките драстично се намалува, а во одредени области веќе и се исчезнати.
Галерија
уреди-
Горна страна
-
Долна страна
-
Долна страна
Наводи
уреди- ↑ „Checklist of Animal Species for Assessment of Forests with High Conservation Value“ (PDF). стр. 46. Посетено на 25 April 2017.
- ↑ World Conservation Monitoring Centre (1996). „Euphydryas maturna“. Црвен список на загрозени видови. 1996: e.T10713A3209604. doi:10.2305/IUCN.UK.1996.RLTS.T10713A3209604.en.