Жолтиков синец
Жолтикавиот синец (Plebejus idas) е пеперуга од видот на синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Жолтиков синец | |
---|---|
Мажјак, долна страна | |
Женка, долна страна | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Plebejus |
Вид: | Жолтиков синец |
Научен назив | |
Plebejus idas (Linnaeus, 1761) | |
Синоними | |
|
Подвидови
уредиПодвидовите на пеперугата се:[1]
- Plebejus idas acreon (Fabricius, 1787)
- Plebejus idas alaskensis F. Chermock, 1945
- Plebejus idas altarmenus (Forster, 1936)
- Plebejus idas argulus (Frey, 1882)
- Plebejus idas aster (Edwards, 1882)
- Plebejus idas atrapraetextus Field, 1939
- Plebejus idas bavarica (Forster, 1936)
- Plebejus idas bellieri (Oberthür, 1910)
- Plebejus idas empetri Freeman, 1938
- Plebejus idas longinus (Nabokov, 1949)
- Plebejus idas lotis Lintner, 1879
- Plebejus idas magnagraeta Verity,1936
- Plebejus idas nabokovi (Masters, 1972)
- Plebejus idas sareptensis Chapman, 1917
- Plebejus idas scudderi (Edwards, 1861)
- Plebejus idas sublivens (Nabokov, 1949)
- Plebejus idas tshimganus (Forster, 1936)
Распространетост
уредиОвој вид пеперутки живее во скоро цела Европа па сè до Источна Азија.[1][2] Најчесто може да се пронајде во тревни и цветни предели, мешани зимзелени шуми и влажни долини,[3][4] на надморска висина од 200 до 2100 метри.[5]
Опис
уредиРаспонот на крилјата на пеперугата е од 17 до 28 мм.[5][6] Овој вид на пеперуги има доста голема варијабилност во однос на бојата. Најчесто, горната страна е темносина, со изразени црни вени. Телото е светлосино, а антените црни и бели. Рабиовите се бели. Долната страна е светлокафена, со црни и жолти дамки во различна форма и големина. Забележителна е и црна бордура.[4]
Биологија
уредиПеперугата лета со една генерацијата годишно, од јуни до август во зависност од локацијата.[4] Ларвите се хранат со растенијата Calluna vulgaris, Vaccinium uliginosum и Empetrum nigrum. Обично гасениците се придружени од мравки.[1][7] Презимува како гасеница.[4]
Галерија
уреди-
Парење
-
Женка, горен дел
-
Мажјак, горен дел
-
Мажјак, долен дел
-
Женка, горна страна
-
Женка, долна страна
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Funet
- ↑ Jim P. Brock, Kenn Kaufman (2003) Kaufman Field Guide to Butterflies of North America. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-618-15312-8
- ↑ Matt Rowlings European Butterflies
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Butterflies and Moths of North America
- ↑ 5,0 5,1 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
- ↑ Northern Blue, Butterflies of Canada
- ↑ Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Moths and Butterflies of Europe and North Africa