Живојно (рудник)
- Ова е статија за македонски рудник. За истоименото битолско село видете Живојно, додека за егејското село видете Живојна
Живојно — рудник на јаглен, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пелагониската Котлина, на север е ограничен со Црна Река, а на југ со македонско-грчката граница.[1] Во базалната формација на наоѓалиштето се развиени две јагленосни формации: подинска јагленосна формација и продуктивна јагленосна формација. Посебен интерес за експлоатација има продуктивната јагленосна формација, која е развиена на простор од 30 км2, а детално е истражена во наоѓалиштето Живојно. Главниот јагленов слој има моќност од 4 до 8 m. Се појавуваат и повеќе подински слоеви кои немаат континуитет на поголем простор. Јагленот е од типот на меки кафеави јаглени – лигнит. Вкупните геолошки резерви на јаглен во Живојно изнесуваат 105 х 106 тони.[2]