Животното на кметот Белом

„Животното на кметот Белом“ (француски: La Bête à Maît' Belhomme) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 22 септември 1885 година.

Содржина

уреди

Група патници патуваат со кочија во Авр, а меѓу нив е и кметот Белом, кој постојано се жали на голема болка во увото и тврди дека му влегол неке ситно животно. Бидејќи неговата болка е неподнослива, кочијата застанува и патниците му го полнат увото со вода, но тоа не му помага. Подоцна, тие повторно се принудени да застанат и патниците пак му го чистат увото од кое излегува една болва. Откако е ослободен од болката, Белом не го продолжува патот и не сака да плати за патувањето. Сепак, по расправата со кочијашот, еден патник го принудува да плати и патниците го продолжуваат патот.[1]

Наводи

уреди
  1. „Газда-Беломова животиња“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 271-281.