Животност (граматика)

(Пренасочено од Животност)

Животноста е граматичка и/или семантичка категорија на именките која се заснова врз природата на нештата, односно дали тие се живи или не. Животноста може да има различни ефекти врз граматиката на еден јазик, како што е изборот на заменки, наставките за падежи, збороредот или формата на глаголот.

Кај некои јазици кои имаат животност, истата се искажува на прилично едноставен начин каде именките се делат на живи (луѓе и животни) или неживи (предмети, објекти, апстрактни поими). Кај други пак, животноста се искажува преку сложени хиерархиски системи. Во таквите системи, заменките ја имаат највисоката животност (првото лице е највисоко), а потоа следуваат останатите луѓе, животните, растенијата, природните појави, предмети и апстрактни поими. Сепак, постои можност оваа хиерархија да се разликува од јазик до јазик.

Примери

уреди

Македонскиот јазик не прави разлика меѓу живи и неживи именки. Во англискиот јазик постои одредена ваква разлика само кај заменките, односно заменките 'тој' и 'таа' се користат за живи именки (луѓе), а заменката 'тоа' за предмети. Хиерархискиот систем е важен кај тотоначкиот јазик, како и во јужноатабасканските јазици. Тамилскиот јазик врши именска класификација базирајќи се на животноста. Словачкиот, чешкиот и полскиот исто така разликуваат меѓу живи и неживи именки.

Наводи

уреди
  • Frishberg, Nancy. (1972). Navajo object markers and the great chain of being. In J. Kimball (Ed.), Syntax and semantics, (Vol. 1), (p. 259-266). New York: Seminar Press.
  • Hale, Kenneth L. (1973). A note on subject–object inversion in Navajo. In B. B. Kachru, R. B. Lees, Y. Malkiel, A. Pietrangeli, & S. Saporta (Eds.), Issues in linguistics: Papers in honor of Henry and Renée Kahane, (p. 300-309). Urbana: University of Illinois Press.
  • Thomas E. Payne, 1997. Describing morphosyntax: A guide for field linguists. Cambridge University Press. ISBN 0-521-58224-5
  • Young, Robert W., & Morgan, William, Sr. (1987). The Navajo language: A grammar and colloquial dictionary (rev. ed.). Albuquerque: University of New Mexico Press. ISBN 0-8263-1014-1

Поврзано

уреди