Живородни цицачи
Период: рана Креда - денес
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Поткласа: Живородни цицачи
Parker & Haswell, 1897 [1]
Инфракласи

Живородните цицачи (науч. Theria од грч. θηρίον = ѕвер) е поткласа на цицачи[2] што раѓаат живи млади без да бидат сместени во јајце. Тука спаѓаат вистинските цицачи (плацентни цицачи) и нижите цицачи (торбарите и нивните предци). Единствената група цицачи што не припаѓа на оваа поткласа се едноотворните (Monotremes), кои младите ги несат во јајца.

Кенгур - торбар со младо

Таксономија

уреди

Рангот „Живородни цицачи“ се разликува, зависно од системот на класификација. Системот во учебникот на Вон и др. (2000)[3] ги наведува следниве групи:

Класа Цицачи (Mammalia)

Во горенаведениот систем, Живородните цицачи претставуваат поткласа. Според системот на Мекена и Бел (1997)[4] тие се наткохорт под поткласата Живородновидни (Theriiformes):

Класа Цицачи (Mammalia)

  • Поткласа Живородновидни (Theriiformes): живородни цицачи и нивните праисториски роднини

Луо и др. (2002) имаат предложено друга класификација[5] каде таксономските нивоа немаат рангови, туку користи чисто кладистички систем.

Наводи

уреди
  1. ITIS - Стандарден извештај: Живородни цицачи (Theria) (англиски)
  2. Мајерс П., Р. Еспиноза, К. С. пар, Т. Џонс, Г. С. Хамонд и Т. А. Дјуи. „Поткласа Живородни цицачи (Theria)“. Мрежа на животинска разновидност.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
  3. Vaughan, Terry A., James M. Ryan, and Nicholas J. Czaplewski. 2000. Mammalogy: Fourth Edition. Saunders College Publishing, ISBN 0-03-025034-X
  4. McKenna, Malcolm C., and Bell, Susan K. 1997. Classification of Mammals Above the Species Level. Columbia University Press, New York, ISBN 0-231-11013-8
  5. Luo, Z.-X., Z. Kielan-Jaworowska, and R. L. Cifelli. 2002. In quest for a phylogeny of Mesozoic mammals. Acta Palaeontologica Polonica, 47:1-78.

Поврзано

уреди