Живоинов смил
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Род: Смил
Вид: H. zivojinii
Научен назив
Helichrysum zivojinii
Černjavski & Soška

Живоинов смил (латински: Helichrysum zivojinii) — локален македонски калцифилен флористички ендемит од семејството Ѕвездовидни. Се среќава само на планината Галичица. Расте на надморска висина помеѓу 1000 и 1700 метри.[1][2] Во 2008 година Македонска пошта издала поштенска марка со оваа ендемска билка.[3]

Опис

уреди

Повеќегодишно тревесто растение со дрвенести разгранети подземни и со полудрвенести , околу 50cm високи исправени надземни стебла. Целото растение е белузлаво-сивкасто обоено од долги прости и безбојни влакна, кои скоро целосно ги маскираат кусите жлездести влакна и зелената боја на листовите. [4]

Листови

уреди

Листовите се спирално распоредени и седечки. Долните се околу 7 cm долги,лопатовидни, над средината и кон врвот широки до 6(8)mm, со заострен и кусо зашилен завршеток,многу ретко со округол и тап врв . Горните листови се линеарни, 2-4 mm широки, кон врвот стеснети и зашилени.Лисниот раб е рамен. Бројот на жлездестите влакна е многу мал.

Цвет

уреди

Цветовите се собрани во главички на долги дршки,кои образуваат сложено-рацемозни соцветија. Главичките се широки околу 7(8) mm, со отворено жолта обвивка. Ливчињата во обвивката (над 40) се сосема голи и само при основата се густо белузлаво влакнести.

Плод и семе

уреди

Плодот и завршетоците на круничката се покриени со ретки папили.

Екологија

уреди

Варовнички камењар во планинскиот и субалпскиот појас. [5]

Распространетост

уреди
  • Галичица: In rupestribus calcareis:sub cacumine mt. Tomoros(leg. Horvat,Rudski&Černjavski)
  • Галичица:ad Asandjura (leg.Lindtner)
  • Галичица:supra pag. Ljubanište mt.St.Galičica (leg.Grebenščikov)
  • Галичица:ad Sirči Han ad lacum Prespa (leg.Soška)
  • Галичица:Томорос, на варовнички камењар. 1400-1700 [6]== Наводи ==

Наводи

уреди
  1. Previous species: Helichrysum stoechas
  2. Two structurally distinct chalcone dimers from Helichrysum zivojinii and their activities in cancer cell lines.
  3. Stamp catalog : Stamp › Helichrysum zivojinii cernj & soska
  4. Ceznjavski & Soska, Ohrid. Zborn. SKA, 2:3-8 (1943)
  5. Ceznjavski & Soska, Ohrid. Zborn. SKA, 2:3-8 (1943)
  6. Ceznjavski & Soska, Ohrid. Zborn. SKA, 2:3-8 (1943)