Живко Божиноски
Живко Божиноски ( 1925 во Прилеп — 19 септември 1944во близина на Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил монополски работник. Во текот на окупацијата ја помагал Народноослободителната борба. Во неговата куќа се одржувале илегални состаноци. На 9 септември 1944 година, стапил во редовите на ослободителната војска и припаѓал на Петтата македонска ударна бригада. Загинал во близина на Прилеп.[1]