Жени во градина
Жени во градина (на француски: Femmes au jardin) — слика на францускиот сликар Клод Моне. Сликата ја започнал во 1866 годин кога имал 26 години[1].
Жени во градина | |
---|---|
Уметник | Клод Моне |
Година | 1866 |
Медиум | маслени бои, платно |
Димензии | 255 cм (100 ин) × 205 cм (81 ин) |
Местоположба | Музеј Орсе, Франција |
Идентификувачи | Joconde-назнака: 000PE003967 Bildindex-назнака: 21070024 |
За сликата
уредиСликата е насликана со маслени бои на платно. Големина е 255 см × 205 см. Самиот пејзаж е всушност градината на имотот што тој го изнајмил.
На самата слика се гледа неговата партнерка и идна сопруга Камиј Донсје, која позирала за сликата. Во почетокот сликата ја работел на отворено (ан пленер), а ја завршил во своето ателје. Денес, оваа слика е во музејот Орсе во Париз.
Успех на сликата
уредиСликата иако во почетокот била одбиена на Парискиот салон, поради грубите потези на четката, таа сепак во историјата на сликарството ја има пионерската и значајна улога со која всушност започнува еден од најзначајните ликовни правци - импресионизмот