Жена во градина

слика од Клод Моне, 1867

Жена во градина (La Dame en blanc au jardin) (француски: Femme au jardin) (или Жан-Маргерит Лекадр во градина) — слика започната во 1866 година од Клод Моне кога имал 26 години. Делото е изведено пленер во масло на платно релативно голема големо, 82 на 101 см, и моментално ѝ припаѓа на збирката на музејот Ермитаж во Санкт Петербург, Русија.[1]

Жена во градина
Жан-Маргерити Лекадр во градина
УметникКлод Моне Уреди на Википодатоците
Година1867
Медиуммаслени бои, платно
ДвижењеИмпресионизам Уреди на Википодатоците
Димензии82 cм (32 ин) × 101 cм (40 ин)
МестоположбаЕрмитаж, Русија Уредете го ова на Википодатоците
Пристапен бројГЭ-6505 Уреди на Википодатоците

Жената на сликата е Жан-Маргерит Лекадр, младата сопруга на неговиот богат братучед Пол-Ежен Лекадр. Лекадр живееле во Авр и имале селска куќа, Ле Кото, во блискиот Сент-Адрес, во чија градина е направена сликата за време на кратка посета.[2] Анализата со Х-зраци покажала дека всушност била насликана над претходна слика.[3]

Стилот на сликата е доста компониран и детален, за разлика од типично импресионистичките дела за кои подоцна Моне бил признат. Три главни предмети, Жан-Маргерит, централната цветна роза во леата со светло-црвени цветови и цветната грмушка од бела роза каде малку настрана млада дама во бело како размислува, додека светлината доаѓа од лева страна, а позадината на платното е составен од засенчени дрвја како жива ограда, а во пазадина на десна страна се приметува почетокт на градината со рози. Светлиот бел фустан на Жан-Маргерит е во живописен контраст со црвените, розовите и зелените растенија и дрвја во градината. Темата ја навестува доживотната страст на Моне за сликање цвеќиња и градини во природен амбиент.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Woman in the Garden. Sainte-Adresse“. Hermitage Museum. Посетено на 16 December 2019.
  2. „Monet Across Three Decades: From Jeanne-Marguerite Lecadre in the Garden to Meadows at Giverny“. Culturedarm. Посетено на 16 December 2019.
  3. Brodskaya, Nathalia. Claude Monet. стр. 54.