Железничка станица (Анкара)
Железничка станица во Анкара (турски: Ankara Garı) — главната железничка станица во Анкара, Турција и е главен сообраќаен центар во градот. Станицата е источен терминал на железничкиот коридор Истанбул-Анкара, како и најисточната станица во Турција со брза железничка служба. Станицата во Анкара е исто така центар за брзите возови YHT. TCDD Taşımacılık исто така работи со меѓуградски сервисен воз кон Карс, Татван и Курталан.
Анкара | |
---|---|
ТЦДД Ташимаџилик | |
Железничка станица во Анкара | |
Општи информации | |
Место | Хиподром, Анафарталар, 06050 Алтиндаг, Анкара Турција |
Координати | 39°56′11″N 32°50′38″E / 39.9364° СГШ; 32.8438° ИГД |
Сопственик | Турски државни железници |
Стопанисувач | TCDD Taşımacılık |
Перони | 6 |
Колосеци | 13 |
Поврзана со | Анкарско метро: Анкарај EGO Bus: 157-3, 202-3, 204, 222, 254, 257, 268, 269, 277, 285, 288, 288-2, 288-6, 352, 354, 354-3, 369, 394, 394-3, 397, 398-3, 404-1, 410-2, 411-2, 415-2, 415-6, 418-2, 461-1, 482-2, 482-6, 522 |
Објект | |
Вид градба | Наземна |
Паркинг | Да |
Пристап за инвалиди | Да |
Архитект | Шекип Акалин |
Архитектонски стил | ар деко |
Други информации | |
Код на станицата | 2503 |
Историја | |
Отворена | 31 декември 1892 |
Повторно изградена | 1937 2014-18 |
Електрифицирана | 1972 (25 kV AC) |
Железничката станица е сместена во историскиот кварт Улус, и претставува обележје на градот. Во 2016 година, била отворена нова зграда позната како Анкара Трен Гари (АТГ). Зградата служи како центар за брз железнички сообраќај .