Жан Теди Филип (француски: Jean-Teddy Filippe) — француски режисер познат по режирање на краткометражни филмови од таканаречениот жанр пронајдена снимка (англиски: found footage).

Жан Теди Филип
НационалностФранцуз
Занимањефилмски режисер
Активен период1989-денес
Значајни делаЗабранетите снимки
Влијаел(а) врзДаниел Мирик

Негово најпознато дело е серијалот на краткометражни филмови, „Забранетите снимки“ во 1989 којшто се смета за еден од првите обиди за создавање на филмови од овој жанр за комерцијални цели. Овој жанр на филмови сепак не добил на популарност сè до појавувањето на филмот „Вештерката од Блер“ десет години подоцна. Некои филмски критичари сметаат дека еден од првите филмови од овој жанр е снимката Патерсон-Гимлин, односно, снимката каде наводно е снимено суштеството Бигфут.[1]

Награди

уреди

Награда за краткометражни филмови Клермон Феран

уреди

1990: Гран при за краткометражните филмови од серијалот „Забранетите снимки“ (Les documents interdits):

  • Духовите“ (Les fantômes), 1989
  • „Војникот“ (Le soldat), 1989
  • „Вештерката“ (La sorcière), 1989

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди