Централни гробишта Жале (словенечки: Centralno pokopališče Žale), скратено Жале, се најголемите централни гробишта во Љубљана и Словенија. Сместени се на месноста Бежиград и управувани од јавното претпријатие „Жале“.

Жале - централни гробишта
Залез на Жале
Податоци
Основани1906
МестоБежиград, Љубљана
ЗемјаСловенија
СопственикЖале, јавно претпријатие
Погребани150,000

Историја

уреди

Гробиштата биле изградени во 1906 година зад црквата Светиот крст.

Во уредувањето на гробиштата учествувале многу познати архитекти (Јоже Плечник, Едвард Равникар, Власто Копач, Федја Кошир, Петар Керчеван, Марко Мушиќ, ...) , така што целиот комплекс на гробиштата има важно место во словенечката архитектонска историја. Многу гробни споменици биле украсени од истакнати вајари, меѓу кои и Лојзе Долинар, Фраце Горше, Свитослав Перузи, Борис Калин, Зденко Калин, Јанез Бољка, Стојан Батич, Николај Пирнат. Жале се исто со уметнички хортикултурен аранжман[1]. Жалесе споменик на културата со уникатни архитектонски, урбанистички и уметнички вредности. По својата комплексност и творечка изграденост тие се во редот на најпознатите објекти во Европа[2].

Жале на Плечник

уреди

Првично, архитектот Иво Спинчич бил одговорен за дизајнот на комплексот мртовечница, но поради несогласувањето на клиентите со неговиот план, Јоже Плечник ги презел проектанските работи во 1936 година, кој проектираше оригинално и автентично решение. Следната година тој веќе го доставил првиот план за сопствен прошталниот комплекс (Градината на сите светци), врз основа на кој започна изградбата во 1939 година со помош на градителот Емил Томашич[3].

Истакнати луѓе погребани во Жале

уреди
  • Јернеј Шугман, театарски и филмски глумец
  • Фран Албрехт , писател
  • Вера Албрехт, поетеса
  • Бајук, економист и политичар
  • Владимир Бартол, писател
  • Батич, вајар
  • Фран Бернекер, вајар
  • Катја Бох, социолог, политичар, дипломатка
  • Јанез Бољка, вајар
  • Иван Цанкар, писател, Изидор Цанкар, историчар на уметноста и дипломат
  • Бого Графенауер, историчар, универзитетски професор
  • Фран Салешки Финжгар, свештеник и писател
  • Рикард Јакопич, сликар
  • Матија Јама, сликар
  • Конрад Јанежич, политичар, правник, народен будител
  • Антон Бонвентура Јеглич, љубљански шкоф
  • Давор Јенко, композитор, автор на химна
  • Драготин Кетте, поет
  • Едвард Коцбек, поет, есеист и политичар
  • Алберт Крамер, политичар
  • Јанез Евангелист Крек, политичар, духовник
  • Драгомир Лончар, писател, политичар, историчар
  • Јанез Менарт, поет
  • Јосип Мурн Александров, поет
  • Лили Нови, поетеса
  • Антон Оцвирк, историчар на книжевност
  • Антон Петерлин, физичар
  • Леонид Питамиц, правник
  • Јоже плечник, архитект
  • Едвард Равникар, архитект
  • Антон Слодњак, историчар на книжевноста
  • Доминик Смоле, писател
  • Матеј Стернен, сликар
  • Грегор Срниша, поет
  • Руди Шелиго, писател и политичар
  • Јосип Видмар, литературен критичар и академик
  • Милан Видмар, ректор, електротехничар, шахист, теоретичар
  • Ангела Воде, писателка, политичарка, и феминистичка активистка
  • Матија Вошњак, писател, политичар, уредник, диполмат
  • Витомил Зупан, писател
  • Грегор Жерјав, политичар
  • Грацијан Шкрк, генерал
  • Отон Жупанчич, поет

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди