E-број — код за супстанции кои се дозволени да се користат како прехранбени адитиви во Европската Унија[1][2] и EFTA. „Е“ се однесува на „Европа“.[3]

Раствор на E101 рибофлавин (исто така познат како витамин B2)
Кристали на E621 мононатриум глутамат, засилувач на вкус

Да се има единствена унифицирана список на прехранбени адитиви првпат било договорено во 1962 за прехранбените бои. Во 1964, биле додадени директивите за конзерванси, во 1970 за антиоксиданси и во 1974 за емулгатори, стабилизатори, згуснувачи и гелирачки агенси.[4]

Класификација според бројчен опсег

уреди
E-броеви Опсег Опис
100–199
Бои
100–109 жолти
110–119 портокалови
120–129 црвени
130–139 сини и виолетови
140–149 зелени
150–159 кафени и црни
160–199 златни и други
200–299
Конзерванси
200–209 сорбати
210–219 бензоати
220–229 сулфити
230–239 феноли и формати (метаноати)
240–259 нитрати
260–269 ацетати (етаноати)
270–279 лактати
280–289 пропионати (пропаноати)
290–299 други
300–399
Антиоксиданси и регулатори на киселост
300–305 аскорбати (Витамин Ц)
306–309 Токоферол (витамин E)
310–319 галати и еритробати
320–329 лактати
330–339 цитрати и тартарати
340–349 фосфати
350–359 малати и адипати
360–369 сукцинати и фумарати
370–399 други
400–499
Згуснувачи, стабилизатори и емулгатори
400–409 алгинати
410–419 природни гуми
420–429 други природни агенси
430–439 полиоксиетенски соединенија
440–449 природни емулгатори
450–459 фосфати
460–469 целулозни соединенија
470–489 масни киселини и соединенија
490–499 други
500–599
pH регулатори и агенси против згрутчување
500–509 неоргански киселини и бази
510–519 хлориди и сулфати
520–529 сулфати и хидроксиди
530–549 соединенија на алкални метали
550–559 силикати
570–579 стеарати и гликонати
580–599 други
600–699
Засилувачи на вкус
620–629 глутамати и гванилати
630–639 инозинати
640–649 други
700–799
Антибиотици
700–713
900–999
Средства за полирање, гасови и засладувачи
900–909 восоци
910–919 синтетички глазури
920–929 средства за третирање на брашното
930–949 гасови за пакување
950–969 засладувачи
990–999 средства за пенење
1100–1599
Дополнителни адитиви
1100–1599 Нови хемиски супстанции кои не се класифицирани според стандардната шема

Забелешка: Не сите примери за класи спаѓаат во даден бројчени опсег. Покрај тоа, многу хемиски супстанции, особено во опсегот E400–499, се користат за различни цели.

Наводи

уреди
  1. „Food labels“. Live Well. NHS Choices. Посетено на 26 December 2012.
  2. European Directive 95/2/EC on food additives other than colours and sweeteners
  3. Snelson, Matthew. „Explainer: what are E numbers and should you avoid them in your diet?“. The Conversation (англиски). Посетено на 2017-11-18.
  4. „Food Additives in the European Union“. Архивирано од изворникот на 2002-12-24. Посетено на 2019-04-26.