Ејилстадир

гратче во Исланд

Ејилстадир (исландски: Egilsstaðir) — град во источниот дел на Исланд, односно спаѓа во Источниот Регион, брои околу 2.260 жители и е осумнаесетти град по големина во Исланд. Градот е поврзан со копнен, воден и воздушен сообраќај. Ејилстадир, заедно со уште неколку градови во земјата, се смета за еден од поважните и поголемите населени места во државата.

Поглед кон Ејилстадир