Ефтимиј II Цариградски
Ефтимиј II Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 1410 до 1416.
Тој уште од нарана возраст станал монах и по кус период бил прогласен за свештеник. Се истакнувал по своите теолошки и говорни способности, кои ги употребил за одбрана на паламизмот и против унијата на православната црква и католичката црква, за што се стекнал со почесната титула „Учител на црквата“. [1] И покрај тоа што бил жесток противник на унијата, тој бил испратен од царот Мануил II (1391–1425) да учествува во разговорите за идната унија со Урбан VI (1378–89). Мисијата постигнала одреден успех, но без сигурни обврски од ниедна страна, и на неговото враќање во Цариград тој бил унапреден во архимандрите и станал опат на престижниот Студитски манастир.[1]
Постепено Ефтимиј ќе дојде до позиција на протосинкел, по што станал Вселенски патријарх. За време на начелствувањето, сакал да ј аотргне црквата од влијанието на царот и да ддејствува автономно. Од неговите пишувања, зачувани се само филозовскиот трактат „Битисување и небитисување“ и две писма.[1] Тој починал на 29 март 1416 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Εὐθύμιος Β´ (грчки). Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 22 April 2014.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Матеј I |
Цариградски патријарх 1410–1416 |
Наследник Јосиф II |