Ефект на пеперутка

Ефектот на пеперутка е метафора која се користи во теоријата на хаосот за да се објасни зависноста на движењето на еден објект во просторот од неговата почетна местоположба. На пример - ако пуштиме едно топче да се движи по закосена рамнина неколкупати ќе забележиме дека тоа топче никогаш нема да се придвижи по истата патека. Ефектот на пеперутка е многу применлив во Метерологијата бидејќи атмосферските појави се резултат на последователни промени кои водат од една кон друга.

Потекло на фразата

уреди

Оваа фраза првпат ја воведува американскиот научник Едвард Лоренц. Идејата е дека една пеперутка коа се наоѓа во Бразил со замавнувањето на нејзините крилја предизвикува многу мали атмосферски појави кои преку домино-ефектот можат да се претворат во огромни атмосферски појави како на пример торнадо во САД.